Дома Фудбал Англија Невил: Солскјер не во право, двајца голмани во ПЛ се подобри од Де Геа

Невил: Солскјер не во право, двајца голмани во ПЛ се подобри од Де Геа

Оле Гунар Солскјер изјави дека и понатаму го смета Давид Де Геа за најдобар голман во светот, меѓутоа ако се погледнат бројките од оваа сезона и начинот на кои Де Геа прими некои голови тој негов став „не држи вода“.

Против Тотенхем го направи последниот кикс и уште еднаш доби голем број критики. Токму после тој натпревар Солскјер излезе во јавноста со изјава дека Де Геа е најдобриот голман во светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера Јунајтед победи со 3:0, а и после овој натпревар една од темите пак беше Де Геа.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил му одговори на Солскјер и му наброја двајца голмани кои се подобри од Шпанецот.

„Солскјер не е во право, Де Геа не е најдобар голман во светот. Едерсон и Алисон се многу подобри голмани од него. Бранат на високо ниво и тоа константно. Веќе 18 месеци тие се подобри од Де Геа. Меѓутоа очекувано е Оле да го брани својот играч, посебно ако се знае дека претходно Де Геа четири години беше најдобар во Премиер лигата, можеби и во светот. Но, како што кажав сега сигурно тоа не е случај“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…