Жерард Пике на натпреварот помеѓу Шпанија и Колумбија се најде во немилост на навивачите.
Без асполутно никаква вина Пике се најде во незгодна ситуација и тоа поради своите навивачи. Од поодамна е познато дека Каталонија сака да се одвои од Шпанија и да добие независност.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Навивачите на Шпанија во Мурсија каде што се играше натпреварот, токму поради фактот што Пике е Каталонец, при секој негов допир испраќаа громогласни свирежи.
Пике теренот го напушти во 56 минута од натпреварот, а во прес салата се појави видно нерасположен.
„Мислам дека ова не го заслужив, а вие новинарите зошто не прашувате за натпреварот, туку сите бара екслузива за моменти кои се случија на натпреварот. Јас кога не би се чуствувал како Шпанец, не би настапувал за оваа репрезентација“, изјави Пике.