Дома Фудбал Англија Видео: Талентите на Ливерпул ја однесоа Англија во финале после 51 година!

Видео: Талентите на Ливерпул ја однесоа Англија во финале после 51 година!

Репрезентацијата на Англија се пласираше во финалето на Светското првество за играчи до 20 години, откако во полуфиналето ја победи Италија со 3:1.

„Аѕурите“ поведоа на самиот почеток со голот на Орсолини, но Англија целосно ја презеде инцијативата и воспостави комплетна доминација.

Доминацијата беше материјализирана во второто полувреме кога на сцена стапија талентите на Ливерпул. Најпрво Доминик Соланке го израмни резултатот во 66-та минута, а Шеј Оџо и Адемола Лукман направија комплетен пресврт.

Ова ќе биде прво финале на Светско првенство за Англија после цели 51 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најпознатиот клуб ќе добие најнеобичен стадион во светот: Ќе се гради од посебен материјал

Бирмингем Сити планира изградба на нов стадион кој треба да стане еден од најинтересните с…