Дома Трансфер зона Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Севиља

Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Севиља

Реал Мадрид ќе се обиде ова лето да го донесе аргентинскиот репрезентативец и член на Севиља, Лукас Окампос, пренесуваат шпанските медиуми.

Окампос блеска оваа сезона во дресот на Севиља и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинецот во договорот има откупна клаузула од 65 милиони евра, но Реал сака да преговара и во зделката да вклучи некој негов фудбалер.

Како можни опции за трампа медиумите ги посочуваат Серхио Регулон, кој во моментов е во Севиља под наем, како и Алваро Одриазола, кој е на излезна врата.

25-годишниот Окампос во последните  девет сезони промени шест клуба, но се чини дека конечно „експлодира“ во Севиља каде пристигна од Марсеј за 15 милиони евра.

Оваа сезона Аргентинецот има постигнато 13 гола и запиша 3 асистенции, а Зидан смета дека ќе биде одличен за ротација на крилните позиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …