Eкипата на Ница доведе големо засилување за наредната сезона, а веројатно тоа ќе биде нивното најзвучно засилување ова лето, Морган Шнајдерлин.
Францускиот клуб официјално соопшти дека го купиле поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а медиумите во Франција шпекулираат дека се работи за трансфер вреден 2.3 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Право за настап Шнајдерлин ќе има од 1. јули, но Евертон му излезе во пресрет и му дозволи да започне да тренира со новиот клуб.
Морган Шнајдерлин има големо искуство во Премиер лигата. Во Англија пристигна во 2008 година и се прослави со настапите за Саутемптон, а потоа во трансфер вреден 35 милиони евра премина на „Олд Трафорд“, тоа се случи во 2015.
Бидејќи не се наигра во редовите на „црвените ѓаволи“ потпиша за „Карамелите“. Тој трансфер изнесуваше 23 милиони евра. Оваа сезона Шнајдерлин одигра 18 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.