Дома Останати Остри реакции од светот: „Ѓоковиќ да добие награда идиот на годината“

Остри реакции од светот: „Ѓоковиќ да добие награда идиот на годината“

Веста дека првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус крена голема прашина во тенискиот свет.

Ѓоковиќ денес објави дека е позитивен на Ковид 19 заедно со својата сопруга, а претходните денови позитивни беа Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веднаш пристигнаа остри реакции и критики за Новак од целиот свет. Британскиот новинар Чарлс Вотс немаше влакна на јазикот.

„Новак Ѓоковиќ прави се за да ја добие наградата идиот на годината“, напиша Витс на Твитер.

Исто така остра беше и новинарката на агенцијата АФП, Рајан Мусалем.

„Да се организира Адриа Тур во вакви околности е најнеодговорен чин на врвен спортист. Не знам како властите дозволиле тоа да се случи со присуство на публика и зошто не се почитувале протоколите. Карма?“, напиша Мусалем.

Американскиот новинар Џон Брн-Мурдо исто така беше жесток во критиките.

„Адриа Тур е трагична лекција која го рушеше нормалното враќање на спортот. Ѓоковиќ организираше турнир на кој не се почитуваше социјална дистанца. На турнирот беа многу тенисер, вклучително и еден со бремена сопруга, а сега е позитивен“, напиша Мурдо алудирајќи на Виктор Троицки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал само што ја заврши кариерата настапи на турнир во друг спорт

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал веќе ја заврши кариерата во тенисот, а последнито настап г…