Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Ла Лига ќе им „забрани“ трансфери на Реал и Барса

„Бомба“ од Шпанија: Ла Лига ќе им „забрани“ трансфери на Реал и Барса

Раководството на Ла Лига планира да воведе рестрикции за купување на нови фудбалери ова лето, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на Ла Лига во наредните денови да донесе одлука екипите да можат да потрошат само една четвртина од парите кои би ги заработиле со продажбата на играчите.

Медиумите пренесуваат дека Ла Лига има поддршка од шпанската Влада која финансиски ќе им помогне на екипите со тоа што ќе им даде пари за плати на фудбалерите.

Со новата одлука најпогодена ќе биде екипата на Барселона која сега доколку сака да донесе засилување од 100 милиони ќе треба да продаде играчи за 400 милиони евра.

Реал Мадрид пак веќе најави дека ова лето не планира големи засилувања и силите ќе ги насочат кон доведување на Килијан Мбапе во 2021 година.

Трансфер политиката на Атлетико Мадрид ќе зависи од пласманот, односно дали тимот на Диего Симеоне ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ибрахимовиќ: Начинот на кој Босна загуби е голема лекција на СП за сите

Босна и Херцеговина го заврши настапот на СП. Иако имаа играч повеќе, беа поразени со 2:0 …