Како што е познато пред сите натпревари во Премиер лигата со клечење на фудбалерите околу центарот се искажува поддршка на борбата против расизмот.
Така беше и на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Барнли, но во тие моменти над „Етихад“ пролета авион со спротивна порака „White Lives Matter Burnley“ (Белите животи значат, Барнли).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Островските медиуми пишуваат дека тоа го направил еден навивач на гостите кој успеал да украде авион со кој и самиот управувал.
Барнли брзо после натпреварот го осуди овој потег.
„Сакаме на сите да ставиме до знаење дека одговорните за тој потег не се добредојдени на нашиот стадион. Тоа на ниту еден начин не го претставува она за што Барнли се залага. Клубот е во потрага на сторителите кои ќе добијат доживотна забрана за влез на стадионот“, стои помеѓу другото во соопштението од Барнли.
'White Lives Matter' plane flown over Etihad Stadium as Man City v Burnley match is broadcast live https://t.co/o4e3TAqUQj pic.twitter.com/llKyBDJ029
— WalesOnline (@WalesOnline) June 22, 2020
'White Lives Matter' plane flown over Etihad Stadium as Man City v Burnley match is broadcast live https://t.co/o4e3TAqUQj pic.twitter.com/llKyBDJ029
— WalesOnline (@WalesOnline) June 22, 2020