Дома Трансфер зона Барса итно сака да собере 70 милиони евра

Барса итно сака да собере 70 милиони евра

Барселона ќе се обиде да продаде фудбалери за 70 милиони евра до 30-ти јуни, пренесува „Мундо Депортиво“.

Целта е тој приход да биде вклучен во финансискиот баланс на клубот за првата половина од годината.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


На „излог“ се ставени Филипе Кутињо и Жан Клер Тобидо, двајцата фудбалери се на позајмица во Бундеслигата.

Младиот Французин имаше добра сезона во Шалке и се проценува на 25 милиони евра.

Што се однесува до Кутињо, тој сигурно нема да остане во Баерн, но за сега нема заинтересирани клубови кои се спремни веднаш да го откупат. Бразилецот ќе остане во Минхен до август и ќе ја доигра сезоната со Баварците во ЛШ.

Барселона очекува пари и од нивниот бивш играч Марк Кукурела, кој беше откупен од Гетафе. Во неговиот договор има откупна клаузула од 32 милиони евра, а Барса треба да добие 40% од сумата, односно 13 милиони евра.

Сепак, тешко е да се поверува дека овие трансфери можат да бидат комплетирани до 30-ти јуни, бидејќи трансфер пазарот ова лето ќе започне многу подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…