Марко Паники, фитнес тренерот на Новак Ѓоковиќ, позитивен е на коронавирус, потврдено е со тестирање во Задар.
Како што беше соопштено од екипата на српскиот тенисер, од 22 лица кои во текот на ноќта биле тестирани за коронавирус во Задар, три лица биле позитивни и тоа Борна Чориќ, Кристоф Грох, тренерот на Григор Димитров и Марко Паники, фитнес тренерот Новак Ѓоковиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓу тестираните се Ѓорѓе Ѓоковиќ, Горан Ѓоковиќ, Милјан Амановиќ и Горан Иванишевиќ. Сите тие се негативни на Ковид-19.
Новак Ѓоковиќ не сакаше да биде тестиран во Задар, па отпатува за Белград каде ќе биде тестиран. Сега целиот тениски свет е во исчекување на резултатите од неговиот тест.