Дома Фудбал Англија Мурињо незадоволен од ВАР го пофали и неговиот играч кој можеше да биде трагичар

Мурињо незадоволен од ВАР го пофали и неговиот играч кој можеше да биде трагичар

Жозе Мурињо смета дека ВАР го чинел победа неговиот Тотенхем во петокот навечер против Манчестер Јунајтед.

Тотенхем имаше 1:0 до 81. минута, а тогаш Ерик Дајер направи пенал над Погба. ВАР само ја потврди одлуката на судијата Џонатан Мос, а Бруно Фернандеш погоди за 1:1. Во 90. минута Дајер повторно беше невнимателен и Мос одново досуди пенал, но овој пат ВАР ја смени одлуката и го спаси Мурињо.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


„Не сум задоволен од пеналите кои се досудени во корист на Јунајтед. Незадоволен сум од ВАР кај првиот пенал, а не од судијата. Во игра можеше да погрешиш и досудиш лесен пенал, но сега го имаме ВАР да ја поправи работата“.

„Незадоволен сум од Мос кај вториот пенал затоа што не досуди слободен удар за Орие, а досуди евтин пенал, тука ВАР добро си ја заврши работата“, изјави Мурињо.

Мурињо го пофали и Ерик Дајер кој беше во главна улога во тие улоги, за Мурињо тој бил одличен цел натпревар на позицијата стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Алкантара стави крај на кариерата

Шпанскиот репрезентативец со бразилско потекло, Тиаго Алкантата одлучи да стави крај на пр…