Дома Фудбал Останато „Тренерот ме нарекуваше мајмун и ми викаше да се вратам во џунгла“

„Тренерот ме нарекуваше мајмун и ми викаше да се вратам во џунгла“

Напаѓачот на ФК Далас Фафа Пикалт ја отвори душата и откри дека како тинејџер бил жртва на расизам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пикалт беше член на Каљари во Италија и признава дека често пати бил навредуван на расна основа. На 16 години се преселил во Италија и таму се соочувал со непријатности скоро секојдневно.

„Секојдневно се соочував со тренерот на резервниот тим кој ме нарекуваше мајмун и ми викаше да се вратам назад во џунглата во Африка. Понекогаш во соблекувалната наоѓав лушпи од банани“.

„Ми зборуваа дека дека црните играчи немаат техника, дека сум брз и дека морам да трчам. Беше тоа најлошиот човек кој сум го запознал. Трпев секакви навреди додека живеев таму“, раскажа Пикалт.

Пикалт кој денес има 29 години роден е во Њујорк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стана јасно што ќе предложи Јувентус на ПСЖ по првата одбиена понуда

Јувентус подготви нова понуда за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани, откако н…