Интер го договори трансферот на младиот напаѓач Дариан Малес од швајцарски Луцерн, пренесуваат италијанските медиуми.
Клубот од Милано долго време го следеше Малес и успеа да ја победи конкуренцијата, пред се на Аталанта и Валенсија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Малес е крилен напаѓач и оваа сезона запиша 22 меча во швајцарското првенство и постигна 2 гола и 4 асистенции.
Луцерн за неговиот потпис бараше 4 милиони евра плус бонуси, но италијанскиот гигант усшеа да го договори трансферот за пониска цена.
За 19-годишниот Малес ова е прв професионален договор и се уште не е познато дали веднаш ќе биде приклучен во првиот тим или најпрво ќе игра со младинците на Интер.