Борусија Дортмунд е пред договор за доведување на тинејџерот Џуд Белингам од Бирмингем за 35 милиони евра.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Милионерите“ се познати по тоа што даваат шанси на младите играчи, последни примери се Ерлинг Халанд и Џајдон Санчо кои веќе важат и за европски ѕвезди иако се на почетокот на нивните кариери.
За неговите услуги подолго време интерес покажуваше Манчестер Јунајтед, меѓутоа Борусија успеа да победи во трката за потписот на „вундериндот“ од Бирмингем.
16-годишниот оваа сезона изигра 32 меча на кои постигна 4 гола и запиша 2 асистенции, а експертите му предвидуваат блескава иднина.