Дома Трансфер зона Годин се огласи по најавите дека заминува од Интер

Годин се огласи по најавите дека заминува од Интер

Уругвајскиот стопер Диего Годин во последно време се поврзуваше со заминување од Интер.

Ќе потсетиме, тој во редовите на Интер дојде минатото лето како слободен играч од Атлетико Мадрид. Во Милано не се снајде баш како што треба и за време на пандемијата многу се шпекулираше за негово заминување. Сепак, тој нема намера да го напушти клубот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Јас сум по малку изненаден од тоа што се пишува дека заминувам од Милано. Од кога дојдов во Интер се чувствувам одлично. Клубот е одличен, навивачите исто така. Чувствувам дека раководството има доверба во мене. Никогаш не сум размислувал за заминување. Дел сум од овој проект. Мојата намера е да го испочитувам договорот и да уживам во оваа авантура во Италија во дресот на Интер“, порача 34 годишниот  стопер.

Тој има договор со Интер до летото 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…