Дома Топ вести Роналдо се огласи за понудата од 180 милиони: Ништо не е невозможно!

Роналдо се огласи за понудата од 180 милиони: Ништо не е невозможно!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо ја одбележа и оваа сезона во која „кралскиот“ клуб ја освои двојната круна, Премера и Лигата на шампиони.

Денес португалскиот весник „А Бола“ лансираше вистинска „бомба“ и објави дека Роналдо ова лето ќе го напушти Реал Мадрид за 180 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо многу пати истакна дека е среќен во Реал, но и дека планира до 40 годишна возраст, а денес ги прокоментира гласините дека ПСЖ и Манчестер Јунајтед се спремни да платат 180 милиони евра.

„Ништо не е невозможно“, кратко прокоментира Роналдо и со тоа само додатно ги разгоре шпекулациите.

Португалецот има договор со Реал до 2021 година, но медиумите шпекулираат дека Перез ќе се согласи на продажба доколку вистина некој клуб ја понуди споменатата сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…