Дома Трансфер зона ПСЖ тргнува по ѕвездата на Баерн Минхен

ПСЖ тргнува по ѕвездата на Баерн Минхен

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба.

Спортскиот директор на „светците“ Леонардо изјави дека ПСЖ ова лето нема да троши луди суми на трансфер пазарот, но сепак ќе бидат привлечени неколку нови фудбалери.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Француските медиуми тврдат дека Алаба е прва трансфер желба бидејќи може да игра на неколку позиции на теренот.

Алаба поголем дел од кариерата играше како лев бек или играч за врска, а во последната сезона покажа дека може да игра и како централен дефанзивец.

Договорот на Австриецот со Баерн истекува следното лето, преговорите за нов договор не одат добро, па ПСЖ е спремен да ја искористи таквата ситуација.

Сепак, проблем за ПСЖ ќе биде да го убедат Алаба да се пресели во Франција бидејќи негова желба е трансфер во Шпанија или Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што ќе одлучи Миовски? Хитот во Серија А и уште четири клуба се во трка за неговиот потпис!

Членот на македонската фудбалска А репрезентација Бојан Миовски има важечки договор со шко…