Поранешниот капитен на Атлетико Мадрид, Диего Година минатото лето пристигна во Интер како слободен агент и требаше да биде големо засилување.
Меѓутоа, Годин не се снаоѓа баш најдобро во форнацијата од 3-5-2 која ја користи Конте, па италијанските медиуми пренесуваат дека може да го напушти Интер после само една година.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Нероаѕурите“ ќе му дозволат на Уругваецот да си замине и веќе му порачале дека може да си бара нов клуб, бидејќи сакаат да се ослободат од неговата висока плата.
За Годин интерес покажуваат Лион и Евертон, па најверојатно на крајот на сезоната ќе ја промени средината.