Тренерот на Манчестер Јунајтед, Солскјер посакува неколку засилувања за наредната сезона, во обидот Манчестер Јунајтед да се врати во борбата за првото место.
Оваа сезона дури и борбата за ЛШ ќе биде неизвесна, а токму Манчестер Јунајтед е еден од клубовите кој се бори за тоа натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако не успеат да обезбедат пласман, управата на Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ангажира неколку засилувања во обидот да се вратат во борбата за трофеи.
Кога станува збор за засилувањата, Џејдон Санчо е првиот избор на „црвените ѓаволи“, но неговата цена е превисока, па Јунајтед веќе разгледува алтернатива.
Солскјер има втора опција, а станува збор за фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески, кој би можел да направи трансфер во Англија.