Дома Фудбал Конте се премисли: Го враќа Наинголан

Конте се премисли: Го враќа Наинголан

Од Каљари потврдија дека тие не одлучуваат во однос на ангажманот на Наинголан кој оваа сезона е позајмен кај нив од редовите на Интер.

Според медиумите од Италија, Антонио Конте е подготвен да му даде нова шанса на плејмејкерот кој заедно со Мауро Икарди беа исфрлени од тимот минатото лето за време на подготовките а потоа и дадени на позајмица.

Конте верува дека Наинголан има квалитет кој ќе го подобри тимот но само доколку ги прифати неговите правила на игра.

Доколку Наиголан прифати да се врати во Интер ќе мора во целост да го почитува Конте и неговиот начин на работа.

Сепак, не е исклучено Белгиецот да биде испратен во Фиорентина, која покажува силен интерес за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кек ги олади шпекулациите: Македонската клупа засега не е тема на разговор

Матјаж Кек вели дека не добил повик за преземање на Македонија. Тренерот на Ријека останув…