Дома Фудбал Кога последен пат Роналдо одиграл волку лошо? (ВИДЕО)

Кога последен пат Роналдо одиграл волку лошо? (ВИДЕО)

Јувентус вчера одигра 0:0 против Милан и се пласираше во финалето од Купот на Италија благодарение на првиот натпревар во кој одигра 1:1, голот на гости на „старата дама“ и донесе финале.

Еден од најслабите, многумина би кажале и најслаб во таборот на Јувентус вчера беше Кристиано Роналдо. Португалецот го одигра еден од најлошите натпревари од кога е во Торино.

На Роналдо вчера скоро и ништо да не му одеше, единствен како нешто позитивно може да се издвои потегот кога Лаксалт го испрати „по бурек“, но тоа е премалку. Дури и после овој дриблинг неговиот центар шут не направи посериозни проблеми на одбраната на Милан.

Прво, промашениот пенал.

Шутот далеку на трибините

Смешниот обид да ја удри топката со глава

Лош дриблинг

Сепак, треба да се земе предвид дека сите играчи, па така и Роандло имаа долга пауза и тренинг во домашни услови секако не е ист како со соиграчите, а недостасуваа и натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влезе во 79. минута, па со гол и асистенција ја запечати победата на Цирих

Селмин Хоџа беше меѓу клучните играчи во гостинскиот триумф на Цирих над Јанг бојс со 5:3.…