Дома Фудбал Сите играчи на Барселона повторно на тестирање поради Семедо

Сите играчи на Барселона повторно на тестирање поради Семедо

Во Барселона вчера настана голема паника откако се дозна дека Нелсон Семедо ги прекршил правилата кои се на сила поради коронавирусот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Семедо бил на забава во еден ресторан во Барселона на која имало преку 20 луѓе. Во Шпанија групирањето се уште е забрането, а Семедо сигурно ќе биде парично казнет.

Со својот потег дополнително ги налути челниците на клубот и ја доведе екипата во опасност. Поради тоа во текот на вчерашниот ден сите играчи и членови на првиот тим биле уште еднаш тестирани.

Мундо Депортиво синоќа објави дека за среќа нема заразени во екипата на Барселона пред саботниот натпревар против Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…