Дома Трансфер зона Навивачите на Дортмунд и среќни и тажни поради новото засилување

Навивачите на Дортмунд и среќни и тажни поради новото засилување

Заедно со Милан, Борусија за сега е најактивниот голем европски клуб во летниот трансфер период кој официјално се уште не започна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Милионерите“ денеска го претставија своето четврто засилување за новата сезона, а станува збор за Максимилијан Филип кој пристигна од Фрајбург.

Овој 23-годишен Германец за Борусија потпиша петгодишен договор, а платен беше 20 милиони евра.

Колку што навивачите се среќни поради споменатото засилување, толку се и тажни бидејќи доаѓањето на Филип би можело да значи и заминување на Обамејанг. Габонецот долго е на излезните врати од клубот и сега навистина изгелда дека неговата епизода во Дортмунд е завршена.

За Филип ова лето интерес покажаа и РБ Лајпциг и Тотенхем, но Борусија беше најконкретна и успеа да дојде до младиот и квалитетен напаѓач.

Потсетуваме, за Борусија за време на паузите потпишаа Омер Топрак (Баер Левекузен), Махмуд Дахуд (Б.Мехенгалдбах), Аксел Загаду (ПСЖ), а тука е и младиот Александер Исак кој пристигна од АИК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…