Дома Фудбал Италија Решени да го освојат ЕП: Младите Италијанци доаѓаат со дрим-тим!

Решени да го освојат ЕП: Младите Италијанци доаѓаат со дрим-тим!

Селекторот на нашата млада репрезентација пред неколку дена го комплетираше составот за ЕП во Полска, а гледајќи ги другите состави веќе се издвои главниот фаворит.

Имено, селекторот на младата италианска репрезентација, Ди Биаџо буквално состави дрим-тим за Европското првенство кое од 16. До 30. Јуни ќе се одржи во Полска.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најголема ѕвезда во тимот секако ќе биде најдобриот млад голман на светот Џанлуиџи Донарума, но тука се уште Бернардески, Берарди, Ругани, Гаљардини, Локатели, Калдара, Конти….

Некои од нив се веќе големи ѕвезди во Серија А, а некои се етаблираа оваа сезона и направија големи трансфери. Калдара премина во Јувентус за 25 милиони евра, за истата сима Гаглиардини го засили Интер, а Конти е на чекор до трансфер во Милан.

Ова доволно говори колку е моќен тимот на „аѕурите“ кои сигурно заедно со Шпанија ќе бидат прв фаворит за освојување на титулата.

Голмани: Џанлуиџи Донарума (Милан), Симоне Скуфет (Удинезе), Алесио Крагно (Беневенто);

Одбрана: Антонио Барека (Торино), Давиде Бираски (Џенова), Давиде Калабрија (Милан), Матија Калдара (Бергамо), Андреа Конти (Бергамо), Алекс Ферари (Верона), Никола Муру (Каљари), Даниеле Ругани (Јувентус);

Среден ред: Марко Бенаси (Торино), Данило Каталди (Џенова), Роберто Гаљардини (Интер), Алберто Граси (Аталанта), Мануел Локатели (Милан), Лоренцо Пелегрини (Сасуоло)

Напад: Доменико Берарди (Сасуоло), Федерико Бернардески (Фиорентина), Алберто Чери (Пескара), Федерико Киеза (Фиорентина), Лука Гаритано (Чезена), Андреа Кариљо (Аталанта).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Очекувано: Јамал е „Златното момче“ за 2024 година

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е добитникот на наградата „Златно момче“ за 2024 година…