Дома Топ вести Реал спреми супер-понуда за Донарума

Реал спреми супер-понуда за Донарума

Италијанските и шпанските медиуми пренесуваат дека европскиот шампион Реал Мадрид е заинтересиран за најталентираниот голман во светот, Џанлуиџи Донарума.

Договорот на Донарума со Милан истекува во 2018 година, „росонерите“ му понудија нов побогат договор, но сеуште се чека одговор на младиот голаман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Милан му понуди 4,5 милиони евра годишно, со што Донарума ќе биде еден од најплатените во Серија А и ќе има поголема плата од Буфон, но медиумите тврдат дека не се проблем парите и дека Раиола веќе започнал преговори со Реал Мадрид.

Со оглед на потешкотиите кои ги имаат „кралевите“ да дојдат до потписот на Де Геа, наводно се свртеле кон Донарума во кого гледаат долгорочно решение за голманската позиција.

Притоа, младиот Италијанец е веќе голема ѕвезда, едни од најпродаваните дресови во Италија се токму неговите, па Флорентино Перез е спремен да плати 60 милиони евра за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда, но доколку Донарума одбие да го продолжи договорот, тогаш „росонерите“ ќе бидат приморани да ја прифатат понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…