Дома Фудбал Останато Конечно некое дерби! Вечерва ќе играат Партизан – Звезда пред 25.000 гледачи!

Конечно некое дерби! Вечерва ќе играат Партизан – Звезда пред 25.000 гледачи!

На Балканот, но и во Европа не е виден еден фудбалски спектакл веќе неколку месеци, причина е пандемијата со коронавирусот.

Во последните недели ситуацијата се смири и фудбалот полека се враќа. Во Србија веќе се игра и тоа со навивачи на трибините. Токму во Белград вечерва ќе се игра натпреварот кој привлекува големо внимание од Белград.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во Хумска Партизан од 20:00 часот ќе ја дочека Црвена Звезда. Станува збор за натпревар од полуфиналето во Купот на Србија и ќе се игра еден натпревар што дополнително му дава на значење на овој натпревар.

На трибините на стадионот на Партизан се очекуваат околу 25.000 гледачи. Фаворит на хартија нема, а сигурно дека и поради тоа што долго време не сме изгледале едно дерби оваа средба ќе привлече уште повеќе внимание.

Натпреварот ќе може да го гледата на „Арена Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…