Поради финансиската ситуација предизвикана од пандемијата, ова лето на трансфер пазарот ќе бидеме сведоци на многу трампи помеѓу клубовите.
Барселона и Јувентус веќе подолго време се во преговори за трампа во која ќе бидат вклучени Миралем Пјаниќ и Артур Мело, но во моментов Бразилецот ја „кочи“ таа размена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Калчомеркато“ денес пренесува дека двата клуба почнале да разговараат за спектакуларна трампа според која Пауло Дибала ќе заврши на „Камп Ноу“.
Имено, Барселона за потписот на Аргентинецот е спремна да ги понуди Филипе Кутињо, Иван Ракитиќ и Артуро Видал.
Дибала игра фантастична сезона и Јувентус сака да го задржи, но преговорите за нов договор се во застој бидејќи Аргентинецот има високи финансиски барања.
Поради тоа Јувентус сериозно размислува да ја прифати понудата на Каталонците, а ако се реализира оваа трампа сигурно ќе биде една од најспектакуларните размени во поновата историја.
⚪️⚫️ Calciomercato #Juventus, dalla Spagna: "Altro super scambio con il #Barcelona, coinvolto anche #Dybala"
— calciomercato.it (@calciomercatoit) June 9, 2020
? #CMITmercatohttps://t.co/Hg71fngrRw