Дома Фудбал Официјално: Летниот трансфер пазар почнува од 1 септември

Официјално: Летниот трансфер пазар почнува од 1 септември

Летниот трансфер пазар оваа година ќе биде преместен во септември и октомври, пренесуваат италијанските медиуми.

Поради пандемијата со коронавирус европските првенства беа стопирани неколку месеци, па сезоната се очекува официјално да заврши во август.

Поради тоа традиционалниот летен преоден рок ќе биде преместен и ќе започне од 1-ви септември и ќе трае до 5-ти октомври. Ова денес и официјално го изгласа Серија А, а се очекува истото да го направат и останатите Топ 5 првенства во Европа.

Од 1 август до 1 септември, клубовите ќе можат да потпишат со фудбалерите кои немаат обврски и се слободни агенти.

Играчите чии договори или позајмици истекуваат до 30-ти јуни ќе имаат право да преговараат со клубовите и да останат до завршување на актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…