Дома Фудбал Останато Французите се предомислија, Лига 1 сепак ќе се доигра?

Французите се предомислија, Лига 1 сепак ќе се доигра?

Бундеслигата се врати со голем успех после пандемијата, овој викенд ни се враќа Примера, а наскоро ќе продолжат и Серија А и Премиер лигата.

Француската лига е единствената од Топ 5 која одлучи предвреме да ја заврши сезоната уште во април месец, меѓутоа првиот човек на УЕФА изјави дека Лига 1 може да размисли за одлуката и сепак сезоната да се доигра на почетокот на август.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Французите веќе го прогласија ПСЖ за шампион, но клубови како Лион, Тулуз и Амиен покренаа процес на жалби поради донесената одлука. Лион со ваквата одлука остана без излез во Европа, а другите два клуба испаднаа од елитата.

Се смета дека после ваквите зборови на првиот човек на УЕФА челниците на Лига 1 сепак ќе размислат и ќе ја променат одлуката, па сезоната би можела да се доигра во август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…