Тренерот на Барселона, Кике Сетиен очекува напаѓачите Лионел Меси и Луис Суарез да бидат спремни за мечот со Мајорка која се игра во сабота.
Суарез се лекуваше од повреда подолго време, додека Меси доживеа мала повреда на тренинг, но Сетиен очекува двајцата да бидат спремни за првиот меч од продолжетокот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лео има лесно растегнување на бутниот мускул, но не е ништо страшно. Тој е здрав и сметам дека ќе може да игра против Мајорка. Знаете дека Суарез имаше операција, но на тренинзите до сега покажа дека е во добра форма“.
„Ќе ја следиме ситуацијата со двајцата во наредните денови и ќе одлучиме пред натпреварот. Сепак, сметам дека и двајцата ќе бидат спремни за игра во сабота против Мајорка“, истакна Сетиен.
Пред продолжувањето на сезоната Барселона е лидер во првенството со два бода повеќе од Реал Мадрид.