Дома Фудбал Останато Роналдо и Меси далеку од врвот: Ова се топ 5 најскапи фудбалери на најновата листа

Роналдо и Меси далеку од врвот: Ова се топ 5 најскапи фудбалери на најновата листа

Фудбалскиот институт „ЦИЕС“ објави нова листа на најскапи фудбалери во светот после појавата на коронавирусот.

Цената на играчите е направена на основа на познат алгоритам. Во предвид е земено: Квалитетот на играчот, должината на договорот и стабилноста на клубот за кој игра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Со бројка од 259.2 милиони евра најскап е Килијан Мбапе. Втор на листата е Рахим Стерлинг со 194.7 милиони, а следат Џејдон Санчо (179.1), Трент Александер-Арнолд (171.1) и Маркус Рашфорд (152.3).

По ова може да забележиме дека во топ 5 има дури четворица англиски фудбалери.

Лионел Меси и Кристиано Роналдо кој долги години доминираат во светскиот фудбал се далеку од врвот. Меси со вредност од 100.1 милиони евра е на 21. место, додека Роналдо е дури на 70. позиција со 62.8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Од ПСЖ поставија цена за Асенсио

Играчот на средниот ред од Пари Сен Жермен, Марко Асенсио, кој ја помина втората половина …