Дома Фудбал Се појавија фотографии: Новиот дрес на Ливерпул изгледа одлично (ФОТО)

Се појавија фотографии: Новиот дрес на Ливерпул изгледа одлично (ФОТО)

Премиер лигата после паузата поради пандемијата со коронавирусот ќе продолжи за десетина дена и Ливерпул е многу блиску конечно после 30 години да стане шампион на Англија.

Пред неколку месеци Ливерпул потпиша договор со новиот технички спонзор и од следната сезона ќе игра во дресови дизајнирани од „Најк“.

На интернет веќе се појавија фотографии од можниот дрес на „црвените“ и тој изгледа навистина одлично.

Новитет е грбот наменет за освојувачот на Светската клупска титула, а дресот го красат и нијанси на светло сина боја.

Инаку, Ливерпул првиот натпревар после паузата го игра против Евертон на гости. „Мерсисајд“ дербито на програмата е на 21. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митрески предлага дуел со Русија, но договорен натпревар нема

Игор Митрески сака враќање на Русија во меѓународниот фудбал и предлага пријателска средба…