Дома Фудбал Останато Халанд замина, во Салзбург блесна ново ѕвезда: Веќе има три хет-трика и е втор стрелец во лигата!

Халанд замина, во Салзбург блесна ново ѕвезда: Веќе има три хет-трика и е втор стрелец во лигата!

Салзбург после Ерлинг Халанд изгледа има ново голгетерско чудо.

Викендов Салзбург победи со 6:0, а три гола постигна Патсон Дaка, новата „златна кокошка“ на овој клуб.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


После продажбите на Минамино и Халанд Дака го искористи потенцијалот и довербата која ја доби. На последниот натпревар со головите во 4, 11 и 46 минута го постигна веќе третиот хет-трик сезонава.

Дака има 21 гол и четири асистенции, а зад себе веќе го остави Халанд кој до трансферот во Борусија собра 16. Повеќе голови Дејк во првенството има само Вајсман од Волсфбергер (23).

Новиот „бисер“ на Салзбург беше стрелец и во Лигата на шампионите, два пати стрелаше и во купот и вкупно постигна 24 гола на 37 настапи. Станува збор за момче од Замбија кое има 21 година, дојде од Лиферинг и неговиот договор со Салзбург го врзува до 2024 година.

Како што тргнал изгледа би можел да биде нова ѕвезда на овој тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…