Луис Енрике замина, пристигна Ернесто Валведер, но веројатно и понатаму главниот збор во клубот го има Лионел Меси.
Аргентинецот е свесен дека и втора година во низа ќе остане без „Златната топка“ откако Кристиано Роналдо со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и Примера.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Меси е во позиција да “наредува“, кого сака во тимот, бидејќи сеуште не го продолжил договорот со Барселона. Наводно тој одлучил да не го продолжува договорот се додека не биде сигурен дека Барса има тим за борба со Реал.
„Дон Балон“ пренесува дека Меси доставил листа од четири играчи кои сака да ги види на „Ноу Камп“ ова лето, а тоа се Марко Верати од ПСЖ, Филипе Кутињо од Ливерпул, Ријад Марез од Лестер и Анхел Ди Мариа исто така од ПСЖ.