Дома Фудбал Продолжува хаосот во Лисабон: Навивачите им одат дома на играчите

Продолжува хаосот во Лисабон: Навивачите им одат дома на играчите

Автобусот со фудбалерите на Бенфика беше нападнат вчеравечер после натпреварот против Тондела (0:0).

Нападот беше извршен од најжестоката навивачка група на Бенфика која носи име „No Name Boys“.

Тие со камења фрлале по автобусот, а двајца играчи завршиле во болница. Повредени биле српскиот репрезентативец Андреј Живковиќ и германскиот интернационалец Јулијан Вигл.

Меѓутоа, португалските медиуми пренесуваат дека хаосот продолжува, па навивачите им одат по домовите на фудбалерите.

Тие одат од врада на врата кај играчите и им оставаат заканувачки пораки, а настрадале домовите на неколкумина играчи на Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…