Дома Кошарка Тешко обвинување: Мирис на марихуана се чувствува од соблекувалната на Кливленд!

Тешко обвинување: Мирис на марихуана се чувствува од соблекувалната на Кливленд!

Новинарот на „ЕСПН“ Мајк Вајс по вториот натпревар од финалната серија во НБА лигата, помеѓу Голден Стејт и Кливленд, изјави дека од соблекувалната на Кливленд се чувствувал мирис на марихуана.

Кливленд го загубија вториот меч со 132:113 и губат во серијата со 2-0, а финалната серија се сели во Охајо.

По вториот пораз во Оукленд новинарот на „ЕСПН“ на социјалната мрежа Твитер напиша дека од соблекувалната на Кливленд се чувствува силен мирис на марихуана, но дека не е сигурен дали во прашање се играчите или можеби „запалил“ некој од претставниците на медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Митевска осма во олимпиското младинско финале на 100 метри во Дакар

Ева Митевска стигна меѓу деветте финалистки на Младинските олимписки игри и заврши на осма…