Лаутаро Мартинез летото 2018 година пристигна во Интер и оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Аргентинецот блеска во дресот на Интер и за него силен интерес покажува Барселона, која дури е спремна да плати откупната клаузула од 111 милиони евра.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Лаутаро во Интер пристигна за 25 милиони евра, а со своите одлични настапи неговата цена неколкукратно се зголеми.
Меѓутоа, италијанските медиуми откриваат дека неговата кариера можела да замине во друг правец. Напаѓачот во јануари 2018 година бил на чекор од трансфер во Рома, која тогаш можела да го донесе само за 8 милиони евра.
Меѓутоа, тогашниот спортски директор на „волчицата“, Мончи ја одбил можноста да го донесе Лаутаро на „Олимпико“.