Дома Фудбал Италија Милан излезе со соопштение за поведата на Ибрахимовиќ

Милан излезе со соопштение за поведата на Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ вчера се врати во Италија, а денес му беа направени детални прегледи за поведата на мускулот на десната нога.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот напаѓач пред неколку дена заработи повреда на листот на ногата и замина да се рехабилитира во Шведска, а денес му беше извршена контрола.

Милан соопшти дека Златан добро се рехабилитира од повредата и дека следна контрола е закажана за 10 дена.

Ибрахимовиќ сигурно ќе го пропушти полуфиналниот меч од Купот против Јувентус на 12-ти јуни, но сепак постои надеж дека сепак ќе биде спремен за игра во евентуалното финале на 17-ти јуни.

Доколку „росонерите“ не се пласираат во финалето, сепак Ибра нема да брза да се враќа на терените и ќе го пропушти првиот дуел после паузата во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо се враќа во Реал Мадрид: „Специјалниот“ ги договори сите услови!

Фудбалскиот свет е пред вистинска сензација. Според последните информации, Жозе Мурињо ги …