Дома Македонски спорт Мак ракомет Почнува нова ера: Името на Вардар од денес е и официјално променето

Почнува нова ера: Името на Вардар од денес е и официјално променето

Maкедонскиот и европски шампион, РК Вардар од денес и официјално го носи новото име РК Вардар 1961.

Денес централниот регистар ја прифати пријавата во која стои дека основата главнина со која Вардар влегува е 25.000 евра.

Со ова може да се каже дека од денес започнува една нова ера во клубот. Како што е познато од претходно Михајло Михајловски ќе биде човекот кој ќе го наследи Самсоненко.

Ќе има и промени во раководството, засега не се знае колку и дали ќе биде променето цело раководство бидејќи сега главна задача е составување на тимот за наредната сезона.

За Стевче Алушевски нема дилеми тој сигурно ќе ја започне новата сезона со Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Николовска со 11 гола го предводеше Спартак до нов триумф над Атлетик

Спартак го отвори осмото коло со победа од 31:22 над Атлетик. Анастасија Николовска и Сара…