Вчера измина точно една година од кога Вардар ја освои втората европска круна во својата историја, па ракометарите овие денови се сеќаваат на тие моменти.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Еден од најзаслужните за титулата на Вардар беше Игор Карачиќ кој потоа го напушти клубот и премина во Кјелце. Кара може физички го напушти клубот и повеќе не е играч на Вардар, но дефинитивно покажа дека неговото срце остана во Скопје.
Добар дел од перидоот во кој нема ракомет Карачиќ помина во Дојран, се шпекулираше и за негово враќање во Вардар, а сите посакуваме такво нешто.
Денес тој објави фотографија на која е со Тимур Дибиров со кратка порака: Брат!
