Во претходните неколку дена во САД владее вистински хаос откако Џорџ Флојд настрада поради непотребното насилство од страна на полицијата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неколку полицајци го уапсија Флојд и употребија прекумерна сила иако тој не даваше отпор и се обидуваше да им каже дека не може да диши, тие не сакаа да го послушаат. Смртта на Флојд предизвика хаос во цела Америка, а познатите личности и спортисти преку социјалните мрежи испраќаат порака на поддршка.
Порака се одлучи да испрати и Луис Суарез. Суарез на Инстаграм објави фотографија со порака за поддршка. Меѓутоа веднаш доби голем број критики и негативни коментари затоа што пред неколку години тој на расна основа го навреди Патрис Евра.
По големиот број критики Суарез мораше да ги исклучи коментарите на објавата.