Мадридскиот весник „АС“ во денешното издание тврди дека Реал Мадрид е спремен за голема акција и дека го држи на око англискиот талент Џејдон Санчо.
Пандемијата влијаеше на финансиската ситуација на клубовите, па ова лето тешко дека ќе гледаме големи трансфери. „Марка“ тврди дека „кралевите“ ова лето тешко ќе ги остварат своите цели бидејќи нема да имаат голем буџет за трансфери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, денешното издание на „АС“ пренесува дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за Џејдон Санчо и дека е спремен да тргне во акција.
Весникот потсетува на политиката на Реал кој секогаш сакал да ги доведува најголемите светски таленти, а Санчо дефинитивно е еден од нив.
Младиот Англичанец блеска во дресот на Борусија Дортмунд и привлече внимание на голем број европски гиганти, а „милионерите“ за неговата слобода бараат околу 100 милиони евра.
Санчо оваа сезона постигна 20 гола и запиша 20 асистенции на 39 натпревари, што секако е добра препорака за „белиот“ дрес.
„АС“ тврди дека Реал е спремен да ја победи конкуренцијата бидејќи Зидан бара засилување за таа позиција, а доведувањето на Килијан Мбапе е практично „невозможна мисија“.