Дома Останати Eден од најпопуларните УФЦ борци спроведуваше ред на улиците во САД (ВИДЕО)

Eден од најпопуларните УФЦ борци спроведуваше ред на улиците во САД (ВИДЕО)

Eден од најпознатите и најпопуларни УФЦ борци Џон Џонс е снимен пред неколку ноќи како воведува ред на улиците во САД.

Главниот град Ново Мексико е само еден од градовите каде што овие денови има големи протести поради настанот со Џорџ Флојд. Џонс е еден од оние кои излегоа на улица, но не за да протестира туку за да ја смири ситуацијата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Џон дојде до група тинејџери и бараше секој од нив да му го предаде спрејот со кој го уништуваа градскиот имот. На тој начин се обиде да ја смири ситуацијата.

Покрај видеото тој го објасни овој свој потег.

„Има ли ова сра*е воопшто врска со Џорџ Флојд? Зошто тинејџерите го уништуваат овој град? Како млад црнец верувајте ми дека сум исто така фрустриран, но ова не е начин. Вака само правиме да биде потешко. Ко навистина го сакате нашиот град, чувајте го“, стои во текстот на Џонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…