Новите херои, Ракометарите на Вардар по историскиот успех и освоeнaта европска титула, денес се вратија во Скопје.
На пистата на аеродромот „Александар Велики“ од авионот прв излезе капитенот Стојанче Стоилов, а по него Македа, Дибиров, Душебаев, Штербик, Чупиќ, тренерот Раул Гонзалес, а пехарот во рацете го носеше Илија Абутовиќ.
Од аеродромот „Александар Велики“ автобусот со ракометарите оди кон влезот на Скопје и ќе се движи по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев, зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.
Оттаму шампионите ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.
Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар“ да пристигнат на плоштадот „Македонија“, преку Порта „Македонија“.