Дома Трансфер зона Раиола добил повик: Се јави клуб кој сака да го доведе Балотели

Раиола добил повик: Се јави клуб кој сака да го доведе Балотели

Марио Балотели можеби ја игра последната сезона во Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Контроверзниот италијански напаѓач после само една сезона ќе ја заврши авантурата во Бреша и бидејќи ниту еден клуб во Европа засега не покажал интерес за него би можел да го напушти „стариот континент“.

Како што пренесува „Кориере дела Сара“ Марио Балотели добил понуда од ЛА Галакси.

Наводно, Мино Раиола добил повик од Калифорнија, тим со кој има одлични односи со оглед на тоа дека по истиот пат одеше и Златан Ибрахимовиќ кој со успех го носеше дресот на американскиот тим.

Балотели не ги исполни очекувањата во Бреша и повторно се скара со раководството и никој не очекува после летото кое следи да биде играч на овој клуб.

Сезонава Балотели одигра 19 натпревари и постигна пет гола, а тоа тешко да биде доволно Бреша да остане во Серија А бидејќи овој тим е на прагот да се пресели во Серија Б.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…