Успесите на Реал Мадрид оваа сезона придонесоа за голем број на фудбалери ширум Европа да сакаат да дојдат на „Сантиаго Бернабеу“ и да играат за „кралскиот“ клуб.
Како што пренесува „Дон Балон“ во последните недели телефонот на Кристиано Роналдо е блокиран од повици на негови колеги. Еден од нив е Ренато Санчез кој го моли својот сонародник да издејствува негово доаѓање на „Сантиаго Бернабеу“.
Санчез сака да работи со Зинедин Зидан кој оваа сезона им даде простор на неколку млади и неафирмирани фудбалери.
Португалецот не е задоволен од статусот во Минхен и ова лето ќе ја промени средината, а дали Роналдо ќе му помогне да се пресели во Мадрид и дали Перез ќе го послуша останува да видиме.