Дома Фудбал Барселона криела дека има пет заразени фудбалери со коронавирус?

Барселона криела дека има пет заразени фудбалери со коронавирус?

После скоро три месеци пауза сезоната во шпанската Ла Лига ќе продолжи на 11. јуни со дербито помеѓу Севиља и Бетис.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанците неодамна донесоа официјална одлука за продолжување на првенството, а откако ќе продолжи фудбал ќе гледаме секој ден. Направен е распоред според кој лигата ќе се заврши до почетокот на август.

Секако, пред да започнат со групни тренинзи сите играчи и членови на првите тимови на шпанските клубови мораа да се тестираат на коронавирус. Во Шпанија немаше многу заразени играчи, но „РАЦ1“ тврди дека во Барселона криеле.

„РАЦ1“ објави дека во екипата на Барселона имало заразени пет фудбалери и двајца членови на тренерскиот тим, но тоа Барселона не го соопшти.

Никој од нив не покажувал симптоми и се опоравиле брзо, меѓутоа зачудува тоа што Барселона не објави јавно како што тоа го направија некои други големи клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус веќе преговара за Емилиано Мартинес

Аргентинскиот голман на Астон Вила, Емилиано Мартинес, веќе е главна трансферна цел за Јув…