Дома Фудбал Каталонците веќе „грмат“: Зошто распоредот е во корист на Реал?

Каталонците веќе „грмат“: Зошто распоредот е во корист на Реал?

Фудбалот се уште не се вратил, но веќе започнуваат дебатите.

Каталонските медиуми започнаа притисок на Ла Лига поради распоредот на натпреварите во првите две кола по враќањето на терените.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што е потврдено Ла Лига продолжува на 11. јуни со натпреварот помеѓу Бетис и Севиља, но како и секогаш во центарот на вниманието се Барселона и Реал Мадрид.

Имено, Барса стартува во сабота на 13. јуни во 22:00 против Мајорка на гости, додека во истиот термин три дена подоцна го дочекува Леганес. Значи, помеѓу натпреварите има три дена и точно 72 часа разлика.

Од друга страна Реал првите два натпревари ги игра дома, прво го дочекува Еибар, а потоа Валенсија. И тоа против Еибар играат во недела во 19.30 часот, а Валенсија ја дочекува во четврток во 22:00 часот. Во превод имаат ден повеќе одмор помеѓу натпреварите.

Останува да видиме дали Каталонците ќе бидат погласни. Ќе потсетиме пред прекинот Барса имаше два бода повеќе од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…