Нa денешен ден пред 29 години во 1991 година Црвена Звезда го освои Купот на европските шампиони или денешната Лига на Шампиони. Херој на Звезда од таа вечер во Бари беше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев.
Панчев го имаше одлучувачкиот момент во финалето. Откако резултатот беше нерешен после 120 минути се пристапи кон изведувањето на пенал, а пенал рулетот го реши Панчев.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската фудбалска легенда доби прилика да го решава натпреварот и се чекаше неговиот гол за ерупција помеѓу црвено-белите навивачите. Дарко не разочара, беше сигурен и ја израдува Југославија.
„Не знам што да кажам, толку сме уморни и психички и физички…Ова е најсреќниот ден во мојот живот, дадов безброј голови и од тешки и од лесни позиции, но ова ми е навистина најдрагиот гол во кариерата. Мислам дека и ние играчите уште не сме свени што направивме. Да се освои европскиот Куп на шампиони е нешто најголемо кое секој играч може да го посака“, кажа помеѓудругото Панчев.