Дома Фудбал Ѕвездата на Валенсија типува: Барса е новиот шампион во Ла Лига!

Ѕвездата на Валенсија типува: Барса е новиот шампион во Ла Лига!

Родриго Морено кој е член на шпанската репрезентација и е актуелен напаѓач на Валенсија, прогнозираше за тоа кој тим ќе ја земе титулата во Ла Лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ла Лига се очекува повторно да започне во јуни, а според Родриго, најмногу шанси за титула има Барселона.

Напаѓачот на Валенсија и актуелен шпански репрезентативец, Родриго Морено даде свој тип, прогноза за тоа кој ќе ја освои титулата во Примера.

Елитниот фудбал во Шпанија се очекува да се врати во месец јуни, а според Морено најдобра екипа во продолжение или поточно онаа која на крајот ќе се радува на трофејот ќе биде Барселона.

„Се обложувам дека Барселона ќе ја освои Ла Лига“, изјави Морено кој проговори за враќањето на фудбалот.

„Нема да се вратиме како што бевме. Ќе видиме како телото ќе се адаптира за еден интензивен месец, температурите во јули и правилото за пет замени. Тоа е нова ситуација. Нема да играм со страв дека ќе се повредам“, истакна играчот кој во јануарскиот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…